Прилепска победа го одбрани трофејот од турнирот „Вуко Каров“ во Кавадарци, откако на многу полесен начин од предвиденото, го совлада тимот на Тиквеш со 0-6 (0-4). Момците на Зоран Штерјовски, како и вчера против Металург покажаа разлика во класа и категорија и го декласираа противникот.
Јорданчо Наумоски од слободен удар во 32. минута го заокружи офанзивното шоу на прволигашот и на одмор зголеми на 0-4 за Победа.
На 0-5 зголеми Лука Трајковски со својот втор гол, а Гешоски исто така по вторпат погоди за конечни 0-6. Во мечот за третото место Борец беше подобар од Металург и го совлада со 1-0 со голот на Димовски.
Со доделувањето на наградите заврши 18-ттиот турнир ,,Вуко Каров,, на кој Победа го одбрани пехарот со две победи вчера 5-1 со Металург а денес 6-0 во финалето со Тиквеш.Најдобар стрелец е нашиот Даниел Карчески а најдобар играч домашниот голман Ангелков.Пехарот за прво место го прими нашиор капитен Александар Крстески по што следеше фотогграфија со најверните навивачи кои и денес беа со својот миленик.