Љубов и секс

Врховниот суд забрани да се прославува Св. Валентин

Врховниот суд во пакистанскиот главен град Ислабамад забрани празникот Свети Валентин да се чествува во оваа азиска земја. Како што јави ТАСС, одлуката е донесена по разгледувањето на барање на граѓанин

, во кое тој наведува дека Денот на вљубените е „во спротивност со исламското учење и поради тоа треба да биде веднаш забранет”. Судот забранува какви било јавни случувања поврзани со празникот. На медиумите им е наложено да запрат со прилози и со рекламни кампањи за такви настани. Минатата година и пакистанскиот претседател Мамнун Хусеин ги повика Пакистанците да не го празнуваат Свети Валентин, за „да се придржуваат кон својот национален и религиозен идентитет”.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ