Фудбал

СКАНДАЛОЗНА ОДЛУКА: Еве како ФИФА ги казни Џака и Шаќири за провокацијата кон Србите

Гранит Џака и Џердан Шаќири

Швајцарските репрезентативци Гранит Џака и Џердан Шаќири се казнети по 10,000 швајцарски франци, додека капитенот Стефан Лихтштајнер, ќе мора да издвои дупло помалку односно 5,000 швајцарски франци, заради непримерното радување на мечот со Србија, дознава Курир.

Албанците Џака и Шаќири, постигнатите голови на Мундијалот ги прославија покажувајќи двоглав орел,симбол на албанското знаме, а нив им се придружил и Лихтштајнер.

И за таа очигледна провокација на противникот на Србија, не се казнети ?!

Тоа значи дека триото швајцарски репрезентативци ќе може да игра во среда во последното коло од Група Е против Костарика.

Да се потсетиме, Швајцарија ја победи Србија со 2:1 со головите на Џака и Шаќири во второто полувреме.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ