Актуелниот шампион на Македонија, Вардар киксна на стартот од новата сезона во македонската Прва Лига и одигра 2-2 на свој терен против повратникот во елитното друштво Шкупи.
Гостите од Чаир поведоа во 22. минута со голот на Адријан Нухији и најавија изненадување, а потоа Вардар направи комплетен пресврт со головите на Дејан Блажевски во 66. минута од пенал и на Филип Ивановски во 87. минута. Кога се чинеше дека шампионот ќе стартува со победа во новото првенство, следуваше шок во 91. минута, кога Флорент погоди за Шкупи и им донесе радост и еден бод на гостите.