Фудбал

НЕВЕРОЈАНО: Нова срамна одлука на ФФМ за ФК Победа

Несакан мал инцидент на трибините се случи на дерби дуелот од 10. коло во Втората македонска фудбалска лига меѓу Тетекс и Победа, кој го привлече вниманието и на двата табори од каде се вклучија во смирување на страстите.

Како што истакнаа по мечот членови на ФК Победа, од навивачката група на Тетекс, „Војводите“ на трибините на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, по третиот гол на прилепчани, всушност биле нападнати тројца актуелни фудбалери на Металург а поранешни играчи на Победа и 11 Октомври од Прилеп. 

По ова, следече честитка од ФФМ упатена до клубските простории на ФК Победа. Имено, ФК Победа на својата официјална страна објави

[quote align=”center” color=”#999999″]Ова не е нормално! Хајката против Победа продолжува. ФФМ измислува дека навивачи на Победа влегле на терен на мечот со Тетекс На минатосаботниот натпревар со тетекс во Скопје на стадионот во Маџари ниту имаше навивачи од Прилеп, кои според ФФМ вулгарно се однесувале, ниту пак тие влегоа во теренот. Единствената вистина е дека навивачите на Тетекс по третиот гол на Победа предизвикаа инцидент на трибината каде меѓу нападнатите беа 3-ца фудбалери на Металург-прилепчани. Загрозен за својата безбедност пред толпата која предизвика инцидент (дури и физички се пресметуваше со челниците на Тетекс) а спасувајќи се од трибината во теренот беше принуден да скокне играчот на Металург Дарко Илиоски. Но Дарко не е навивач!!!! До кога!!!!Ова нема кра!!! Што следно ќе се измисли за да се санкционира Победа?[/quote]

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ