Фудбал

Модриќ збесна на прашање за Мамиќ: Немаш нешто попаметно да прашаш!? (ВИДЕО)

Модриќ

Еден од најмоќните луѓе во хрватскиот фудбал, Здравко Мамиќ, е уапсен поради скандал со пари во Динамо Загреб, а во истиот е вмешано името и на Лука Модриќ, првата ѕвезда на хрватскиот фудбал.На прес-конференцијата пред првиот меч на Светското првенство (СП) на Хрватска, Модриќ доби прашање околу Здравко Мамиќ од страна на новинарот на англиски „Гардијан“. Капитенот на Хрватска се налути на прашањето дали апсењето на Мамиќ ќе влијае на националниот тим и дрско му се обрати на претставникот на „седмата сила“.

„Немаш нешто попаметно да прашаш? Се наоѓаме на Светското првенство, тука сме да зборуваме за него. Колку време ти требаше да го смислиш ова прашање?“, гласеше одговорот на најдобриот хрватски фудбалер.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ