Дерби дуелот од американската турнеjа помеѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид беше проследен од над 100 000 гледачи што е навистина импресивна бројка, а притоа и видовме одличен кадар од воздух кој покажа дека стадионот е преполн.
Сепак, познатиот шпански медиум ,,Марка’’ при пишувањето за овој натпревар објави слика која зачуди многумина. Најверојатно публиката на нивната слика била монтирана да изгледа дека има голем број на фанови на Реал Мадрид, бидејќи целиот свет го забележа кадарот од ,,црвенилото’’ на трибините. Останува прашањето што сакал овој медиум да постигне со ваквата монтажа.