Пријавениот фудбалер на ФК Силекс од Кратово, со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе или друг, на четворица соиграчи им понудил-ветил подарок во вид на парични средства во износ од по 1200 евра за секој од нив, со цел на фудбалскиот натпревар кој што требало да го одигра ФК Силекс со ФК Металург на 18.05.2015 година
да го завршат со негативен резултат за ФК Силекс, кој резултат не би зависел од спортската игра и правилата на спортскиот натпревар, на овој начин пријавениот го сторил кривичното дело „неовластено давање на подароци“ предвидено и казниво по чл.253-а ст.4 од КЗ на РМ.
Истите кажуваат дека во три наврати (21, 22 и 23.05.2015 година) биле контактирани од пријавениот поради потребата заедно да одат во Пробиштип за да остварат средба со четири лица, од кои две зборувале на македонски, а две на бугарски јазик. Од разговорот и самиот настап на четирите лица, фудбалерите дошле до заклучок дека целиот проблем е во врска со одиграниот фудбалски натпревар со екипата на ФК Металург кога ФК Силекс победи со позитивен резултат (3:1), односно едно од лицата се пожалило дека се обложувало на наведениот натпревар и изгубило околу 40.000 евра. Поради губењето на паричните средства од обложувањето, од четворицата фудбалери побарале да им исплатат 15.000 евра, а остатокот до 40.000 евра (25.000 евра) да им го исплати пријавениот. Притоа на средбата им биле упатени и сериозни закани доколку не биде извршена исплата на паричните средства.
МВР продолжува да постапува по случајот и да работи на утврдување на идентитетот на инволвираните бугарски и наши државјани, како и евентуалната вмешаност и на други лица.
ИЗВОР: СПОРТ365