Фудбал

ФК Победа Прилеп ремизираше со ФК Младост Лучани

Попладнево во Охрид на стадионот ,,Билјанини извори,, екипата на Победа го одигра вториот пријателски натпревар во подготвителниот период. Противник беше 7-мо пласираниот тим во Супер лигата на Србија Младост од Лучани против кого прилепчани не само што беа рамноправен противник туку по бројот на шансите може да се каже дека испуштија победа.

Волјата и желбата за надигрување со противникот а со тоа и за наметнување на Стручниот беше присутна кај сите игтрачи во црвени дресови за кои немаше загубена топка на теренот. Прилепчани мора и треба да жалат што во првото полувреме не ги искористија двете најзрели шанси на мечот.

Крстески во првото полувреме започна со една постава, а во вториот дел беа извршени голем број на замени но и покрај тоа не с епочувствува никаков пад во играта, ни во дисциплината, залагањето, пристапот и воопшто остана истиот вепчаток-дека Победа беше поконкретниот тим и тимот кој треба да жали за победата во оваа исклучително значајна и силна контрола на формата на тимот во оваа фаза од подготовките.

Победа:Манчевски, Талески, Ристевски, Колески, КрстескиМегленски, Наумоски, Карчески, Дунимаглоски, Здравески и Гешоски. Во вторите 45 минути настапија:Јованоски, Богоески, Котески, Велјаноски, Колески, Х.Петрески, Николоски, Николоски, Тошески, Тодороски, Мирчески.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ