Конор Драјнан и Кери Кац биле финалисти на турнирот на Светската серија на покер, а помладиот од нив двајца, 25-годишниот Драјнан бил убеден во победата и одлучил да вложи сè.
Му била потребна само една карта да оствари победа и да освои едне милион долари, но таа не дошла. Интересна била неговата гримаса откако изгубил толкава сума. Во првите десет секунди неговото лице било потполно непроменето. Впрочем, и во текот на целата партија, успеал и покрај ваквиот пораз, да задржи вистинско „покерашко лице“.
Интересно е што ова видео стана хит на YouTube и само за шест дена има скоро 6 милиони прегледи.