Керол Вордерман има 53 години и тело на кое можат да и позавидат многу помлади припаднички на понежниот пол.
Британската телевизиска водителка изгледа толку добро, што веќе втор пат ја освоила наградата за жена со најдобар задник во Велика Британија. Керол е првата ѕвезда која титулата Rear of the Year ја освоила два пати. Добила повеќе од 10.000 гласови во натпреварот. Изјавила дека е среќна поради наградата. “Кога ја освоив титулата во 2011-тата година, ми беше јасно дека има многу луѓе кои повеќе сакаат да ме гледаат од позадина отколку од напред. Сега посебно ме радува тоа што, очигледно, ги има повеќе”, задоволно констатирала Вордерман.