Каскадерот Ричард Грејдон, кој се појави во повеќе од десет филмови со славниот лик на агентот Џејмс Бонд, почина на 92-годишна возраст.
Освен во култните филмови за 007, Грејдон глумеше и во првата трилогија од „Војна на ѕвездите“. Роден во 1922 година, кариерата ја започна во 1963 година, кога прв пат се појави на филм, и тоа во вториот по ред хит со Џејмс Бонд, „Од Русија со љубов“.
Беше слеп на едното око, но оствари исклучително успешна кариера во улогата на дублер. Подоцна, во 1964 се појави во „Голдфингер“, а во 1965 во „Операцијата гром“, со што стана дел од кастингот за филмовите со агентот 007.За него колегата Мартин Грејс ќе рече: „Да виси на жичара над Рио за него беше исто што и да пие кафе на Пикадили. Го работеше она кое другите каскадери не можеа да го направат, или не сакаа, и тоа го правеше со огромно задоволство“.