Македонија

Николоски ексклузивно открива: Македонија на пролет нема да добие датум за преговори? (ВИДЕО)

– Еве вака, нешто ексклузивно да кажам во вашата емисија. Имено, ако продолжи ова ниско ниво на реформи, ако не се случат реформи, ако не се случи чудо, Македонија нема да добие датум за старт на преговорите на пролет, јуни 2019 година. Еве, да го запаметиме датумов, и дај Боже да бидам грешка, дај Боже да се случи чудо, но ако не се спроведуваат зацртаните реформи, нема датум за Македонија, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостувањето во Само вистина на К5, повикувајќи се на информации од Брисел.

– СДСМ прави спинови преку еден постар новинар, еве пак доаѓаме до истото. ВМРО-ДПМНЕ си има претседател, Христијан Мицкоски, а јас немам намера цел живот да се занимавам со политика, во вториот дел од животот планирам помирно да живеам и тука завршуваат моите амбиции, со потпретседателксото место во партијата, порача Николоски на прашањето дали се подготвува за претседателското место во ВМРО-ДПМНЕ:

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ