Фудбал

Швајцарците бесни на Гранит Џака и Џердан Шаќири, од ФИФА бараат да бидат казнети

Гранит Џака и Џердан Шаќири

По дуелот меѓу Србија и Швајцарија, страстите никако не се смируваат. Иако Швајцарија славеше на овој дуел, сепак новинарите од оваа земја, како и граѓаните не можат да им простат на Гранит Џака и Џердан Шаќири за нивниот начин на прославување на головите.

Двајцата фудбалери со албанско-косовски потекло, и покрај предупредувањата испратија политичка порака, покажувајќи двоглав орел, националниот симбол на албанското знаме.

„Швајцарија и покрај победата, денес е понижена”,  „Ветувањето траеше скоро четири години, до петок навечер” констатираше „Блик”. „Провокацијата е глупа и непотребна“, се дел од коментарите на медиумите. 

И селекторот на Швајцарија, Владимир Петковиќ по мечот имаше свој коменар.

„Ги предупредив дека политиката не смее да се меша во спортот. Целата држава е против ова, не им беше потребно такво нешто“.

Србија веќе испрати жалба до ФИФА, за копачките на Шаќири, на кои имаше знаме на Косово, а прославување на двајцата фудбалери со двоглав орел, но и за недосудениот пенал. Од таборот на оваа репрезентација очекуваат казни за Џака и Шаќири…

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ