Македонија

Признание: Во Куманово дојдовме со оружје и за политички цели

Како што пренесува Start.mk, Сами Укшини, познат како командант Соколи, во петокпред судот сведочеше за случајот „Диво Насеље“ при што потврди дека водачи на групата биле Бег Ризај и Мирсад Ндрецај, кои сакале да обезбедат спроведување на Охридскиот рамковен договор.

Имено, според сведочењето на Укшини, тој со неколкумина од групата на 1 и 2 мај ја минале косовско-македонската граница нелегално, преспале во напуштени куќи и на 3 мај биле однесени со комбе во Диво насеље во Куманово. 

„Јас во населбата дојдов на 3 мај по повик од мојот пријател Џафер Зумбери. Ги молев Мирсад и Бег да си заминат од населбата, но тие одбија“, рече Укшини, кој тие денови забележал дека над населбата надлетувал дрон.

Ндрецај и Ризај му рекле дека не си одат туку ќе чекаат до 19 мај кога планирале да свикаат прес-конференција на која ќе барале спроведување на Охридксиот рамковен договор, а ко тоа не се направело планирале борбата за тоа да ја почнат од местото на де во 2001 година биле демобилизирани.

Саи Укшини учествувал и во битките во конфликтот од 2001 година, од каде и му е називот Командант Соколи. Тој е дел од кумановската група терористи што се предадоа и рече дека потоа ги тепале, а ако тоа го знел немало да се предаде.

За овој случај им се суди на на вкупно 37 лица. Во нападот беа убиени осуммина полицајци, припадници на слецијалните сили, а беа ранети 37 нивни колеги. Исто така беа убиени и 10 припадници на косовската група

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ