Македонија

Детали за сообраќајката во Прилеп: Се забил во бетонски ѕид и влегол во двор, пред да загине ја осветувал куќата

Како што информира Република,попладнево околу 17,30 во сообраќајка загина 24 годишниот прилепчанец Игор В. кој со автомобил хонда удрил во бетонски ѕид и влегол во двор на улицата „Александар Македонски” во Прилеп.

Според неофицијални информации, момчето пред да загине, присуствувало на осветувањето на неговата куќа во близина на местото каде се случила сообраќајката, јавува Мкд.мк. Од МВР ја потврдија сообраќајката и велат дека екипи извршиле увид на местото. Причините за несреќата се утврдуваат. Според првичните информации загинатото момче изгубило контрола врз автомобилот и удрил во бетонски ѕид, го срушил ѕидот и влегол во двор каде удрил во џип. Од ударот тој починал на самото место. Екипа на Итната медицинска помош констратирала смрт. 

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ