Македонија

МНФ: Треба да се промене изборниот модел и да се даде шанса на НАРОДОТ да го застапува НАРОДОТ во Собрание, а не елитата да го “застапува“ Народот, оти тоа е само декларативно а не и суштински

МНФ: Треба да се промене изборниот модел и да се даде шанса на НАРОДОТ да го застапува НАРОДОТ во Собрание, а не елитата да го “застапува“ Народот, оти тоа е само декларативно а не и суштински. Македонскиот Национален Фронт предлага:

1. Измени во Законот за избори, Македонија да биде ЕДНА изборна единица. На СДСМ и ВМРО ДПМНЕ им одговара овој модел што е сега, бидејќи ни помалите партии па ни независни кандидати можат да станат пратеници. Ако е една изборна единица, ќе има повеќе помали партии, повеќе независни пратеници, повеќе шанса на групи луѓе преку свој претставник да ги застапува интересите на МАКЕДОНИЈА.

2. Предлагаме, намалување на бројот на пратеници во Собранието од 120 на 90 пратеници со што ќе се намалат трошоците на пратениците кои и онака ништо добро не направија за Македонија овие 27 години.

3. Да се намали бројот на министерствата и да се укине функцијата заменик министер, функција која само поради коалиционите партнери да бидат задоволни им се даваат функции на некои само за да молчат. Ќе се намалт многу непотребните трошоци кои ги уживаат функционерите.

4. Да се укинат непотребни, агенции, комисии итн и да влезат под состав на своето министерство како СЕКТОР. За пример треба да ја земиме една Холандија, која има повеќе од 17 милиони жители а во Парламентот има само 150 народни избраници. На последните избори во 2017 година во Парламентот влегоа 13 партии. Од 150 пратеницчки места победничката партија осови замислете 33 седишта во Собранието, втората партија освои 20, трета партија 19 пратеници,четвртата иста толку,петта и шестата по 14, седмата 9, осмата и деветтата по 5,десеттата партија освои 4, единаесеттата и дванаесетта партија освоија по 3 пратеници и последната партија освие 2 пратеници.

Холнадската Влада ја составија 4 партии кои ги имаат потребните 76+ пратеници за состав на Владата. Новата Холандска влада има САМО 15 МИНИСТЕРСТВА плус премиерот а ние имаме 25 министерства плус премиерот. Македонија треба да учи од холандија кога се однесува за изборнот модел, колку пратеници треба да бори парламентот и што всушност е демократија. Демократија е кога на изборите ќе влезат 10-15 партии и кога победничката партија како оваа во Холандија освоила само 33 места од 150. Замислете кај нас што се случува, двете македонски партии си го делат колачот од 100 македонски пратеници, две или три партии си го делат колачот од албанскиот блок 20 пратеници.

Замислете, партијата што се бори за животните освои 5 места во Собранието на Холандија. Во македонското собрание нема пратеници кои ги застапуваат вистинските национални македонски интереси, или можеби има но под палката на нивните лидери не смеат да писнат со својот глас за заштита на македонските национални интереси. Македонија мора да го смени изборниот модел и да го тргне бипартизмот и да им дозволи на обичните граѓани да влезат и да учествуваат во одлуките кои се носат за државата. Замислете во македонското собрание сега да има една група од 10-15 пратеници на претставници на некој Македонски Патриотски Фронт.

Мислите дека ќе се однесуваат онака како што се однесуваат во моментов пратениците и на ВМРО и на СДСМ? Затоа треба да се промене изборниот модел и да се даде шанса на НАРОДОТ да го застапува НАРОДОТ во Собрание, а не елитата да го “застапува“ Народот, оти тоа е само декларативно а не и суштински.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ