Француски воени авиони започнаа напади врз Исламска држава во Сирија вечерва, официјално соопшти француската влада, два дена откако напаѓачите поврзани со терористичката група изврши координиран напад на Париз во кој загинаа 129 лица.
Пред нападот на Париз, Франција се воздржуваше од напади врз цели во Сирија.Новинските извештаи од Франција наведуваат дека воздушните напади се фокусирани на Рака, град во северна Сирија, кој е центар на самопрогласената Исламската држава.Претседателот Франсоа Оланд нападите на Франција ги окарактеризира како “акт на војна” од Исламската држава.
Тој не даде конкретни информации за настаните, но Исламската држава ја презеде одговорноста за нападите, со што се зголемија ризиците дека групата ќе ги прошири терористичките напади надвор од Сирија и Ирак.