Фудбал

Ф.К. Вардар со поддршка за навивачите и со реакција до организаторот на натпреварот Ф.К. Пелистер – Ф.К. Вардар

Скопје, 04.08.2014 – Во врска со вчерашните немили настани на натпреварот од првото коло од новата сезона во ПМФЛ, помеѓу екипите на Пелистер и Вардар, екипата на Ф.К. Вардар изразува жалење за вчерашниот инцидент на Тумбе Кафе во Битола каде беа повредени неколкумина навивачи на нашиот клуб.


ваКлубот им посакува побрзо закрепнување на повредените навивачи, и токму за таа цел клубот овозможи итни лекарски прегледи и третмани во клиниката Систина за сите повредени навивачи. Ф.К. Вардар осекогаш ги осудувал ваквите немили настани и очекува Фудбалската Федерација на Македонија да ги превземе сите потребни мерки за спречување на секаков вид инциденти кои го нарушуваат Фудбалските стандарди во Македонија, како и угледот на македонскиот фудбал генерално.

Исто така, сакаме да изразиме и незадоволство за вчерашниот натпревар од организациски аспект на домаќинот. Беа направени многубројни пропусти од страна на организаторот, при што очекуваме раководните лица во ФФМ да превземат соодветни мерки. Ф.К. Вардар како и секогаш до сега, продолжува со борбата против насилството на трибините, и секогаш ќе настојува да го подобрува угледот на македонскиот фудбал.

ИЗВОР: ФК Вардар

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ