Мода и убавина

Прекрасното македонско девојче – Славица Заркова

Славица Заркова има 23 години и е од Свети Николе. Неодамна оваа девојка ја претставуваше Македонија на изборот за убавина Бест модел интернешнел 2013, кој се случуваше во Тирана, Албанија, пласирајќи се меѓу првите 10. Славица не е нов лик во светот на манекенството, веќе извесен период е член на Модното студио Црнокрак.

Неодамна, прекрасната девојка со бадемести очи имаше најнова фотосесија чии што фотографии беа направени од страна на фотографот Јанус. Во прололжение можете да го погледнете интервјуто за Баркод.мк од страна на Славица како и дел од фотографиите.

Баркод.мк:  Кажете ни накратко за себе си? Кои се вашите силни и слаби страни?

Комуникативна, позитивна, авантурист, вечен оптимист, сигурноста ,самодовербата и упорноста ги сметам за силни страни кај мене.Имам и слаба страна,секако,но не ја сметам како слабост,туку како дел од мене.

Баркод.мк:  Кога влеговте во светот на модата?

Почнав сосем случајно,кога другарка ме предложи во агенција,пред 5 години.Сега сум во Модно Студио Црнокрак..

Баркод.мк:  Под кое мото се водите во животот?

Ништо не е неостварливо и недопирливо.Ако посакуваме нешто со сето срце,тогаш и ќе го добиеме.Верувам дека се се случува со причина,а моето мото е -Ако се сака,се се може.

Баркод.мк:  Како го поминува Славица летото, повеќе работно или наоѓа време и за одмор?

Летово имав доволно време за шетање и одмор,решив да се посветам целосно на најблиските.

Баркод.мк:  Дали си задоволна со досегашниот постигнат успех во манекенството ?

Па да,секако.Но,за да имаш целосен успех,треба да се посветиш максимално и да имаш зацртана цел.Сеуште не ми е во прв план,но ќе видиме во иднина.

Баркод.мк:  Каков вид на музика слушате и кој жанр на филмови ви се допаѓаат ?

Можам да се прилагодам секаде,бидејќи слушам скоро се.Понекогаш сите знаеме да се расположиме и со српско,така? хаха … Обожавам криминалистички филмови,како и психолошки ,акција,хорор,комедија.. 

Баркод.мк:  Што мислите за манекенството во Македонија и дали тоа за тебе би било идната професија. Што би им препорача на читателите на Баркод.мк?

Во Македонија има исклучително убави момци и девојки,меѓутоа секој со својата среќа.Се зависи од тоа колку труд ќе се вложи и колку ќе биде остварлив трудот. -Животот е многу краток.Искористете го на убави и среќни моменти со блиските.Живејте како да не постои утре,сакајте како да не постојат други околу вас.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ