Животот ни поставува граници кои не смееме да ги пречекориме. Тој е судбина која мора да ја живееме.Одам по еден пат кој ми носи среќа, задоволство, успех. И ќе повторам,живот, те прибрал во својот лавиринт и те тера да го пронајдиш крајот за да ја откријаш смислата на постоењето.
За секое животно постоење да биде целосно потребна била љубов велат. И не погрешиле. Случајно, како во сон пред мене се појави нешто што смени се. Човекот со прекрасна насмевка, кафеави очи и посебен стил на однесување кој го сретнав низ факултетските ходници. Се сепнував секогаш кога ќе го забележев во моја близина и се присетував на зборовите на моја постара добра пријателка:-Девојко, вистинската љубов доаѓа на факултет.
Повторувајќи ја оваа реченица сфаќав дека има мало место во моето срце кое полека се затоплува. Се запрашав:-Зарем потребен бил само еден поглед за душа да се отвори, за срце да зачука и памет изгуби? Некаде длабоко во моето срце како да знаев дека еден ден ќе го имам до себе. Тој беше оној кој ми го освои срцето, ме натера да сонувам, да се надевам, но и да ги запознаат ударите од животот.
Секојдневно гледајќи го низ предавалните, мечтаев за неговата прегратка велејќи си во себе: „Ако треба да биде – ќе биде“ Изминуваше долг период откако го запознав, беше единствената причина да бидам присутна на сите предавања на факултет и да седам во некое ќоше гледајќи ги сите потези кои случајно ги прави. По случајност на животот и неговите удари станав се поблиска и поблиска со него. Блискоста преминуваше во нешто што би се нарекло љубов..Да љубов,тоа е она чувство кога имаш дел од себе кај некој друг, и дел од него кај тебе кој го негуваш и чуваш само да не се распадне и побледи.
За многу кратко време тој стана смислата на мојот живот. Во мојот живот кој наликува на сложувалка, тој е последното и најубаво делче. Ми требаше време додека да го најдам за сложувалката да биде комплетна. Сега кога веќе го открив крајот на лавиринтот научив што значи љубовта и како е да сакаш и да си сакан.
Ти прекрасно битие, ти благодарам што ја даваш смислата на мојот живот и си мојата дефиниција за среќа. Заслужуваш да бидиш најсаканиот човек на овој свет, а јас ќе се потрудам да го постигнам тоа.