Нов ден. Ново сончево утро, но сепак ладно. Ладно како мене, како тебе и како некој друг што има безброј спомени… Нека е добро утро,нека е добар и денот. Но не е ништо добро. Ама баш ништо. И сонцето веќе не блеска така како што блескаше во Јуни.
Тоа беше предвесник на летото и најава на нова темпераментност. Како што одминуваат месеците така остануваат и спомените. Ќе речеме дека времето е ладно, дека и спомените можеби се оладени… А ние? Ќе оладиме ли некогаш? Или пак секое утро ќе го бараме она невозможното, ќе го бараме сонцето да свети како во Јуни ? Ништо не е така добро како што изгледа. Нели болката прави луѓето да се променат?
Во главата ми се вртат сеќавања од прошетките, од пиењето кафе заедно, разговори доцна во ноќта, моите раце во твојата коса, клупата и паркот… Ах, колку посакувам да не се вратам во реалноста која ме води во бестрага! Секоја помисла е иста, секоја вечер и секое утро. Ист датум. Различно време. Различно место. Различни чувства. Јас и ти-странци. Нели се сеќаваш дека постоеше совршен пар? Тоа бевме јас и ти. Тоа беше мислењето на сите околку нас.
Толку различни, а толку совршено споени. Кога чекоревме низ уличките бевме пресретнати од една госпоѓа која со восхит ни рече дека ние сме најубавиот пар кој го видела, па не заколни на вечна љубов. Се сеќаваш ли? Секое утро се будев со твојот глас. Се сеќаваш ли? Како што јас се сеќавам секое утро, секој нов ден, и секој ист нареден датум, сеќавај се и ти на мене. Не ме заборавај. Затоа што ти ми беше сродна душа. А сродните души остануваат секогаш поврзани на некој начин. Љубов ми беше и ќе останеш засекогаш.