Кога за прв пат ги почувствува неговите раце низ нејзиното тело, неверојатно беше нејзиното треперење, си рече: “Боже, каде бил овој човек до сега?” Kога за прв пат го почувствува тоа треперење, жарот во нејзиното срце и топлината која јa обземаше насекаде разбра дека го пронајде она што долги години го бараше. Го најде него. Тој човек го најде.
Оној најдобриот. Оној на кому најмногу му се восхитуваше. И кога сите ќе и речеа: “Не ја покажувај слабоста, не дозволувај да ти ги види солзите, тоа тој ќе го искористи”, таа им велеше “Јас го сакам и не можам да се откажам од него. За мене тој е толку многу посебен. Тој човек има посебно место кај мене.”
Ама никој не ја разбираше, никој не можеше да разбере. Но, таа во срцето чувствуваше нешто толку прекрасно и убаво. Нешто кое може да се случи само еднаш. И верувале или не и покрај сите нејзини грешки и тој наоѓаше некоја причина, ниту таа не ја знаеше да и се врати. Велеше дека е крај, дека се откажува од неа, но повторно ќе и се вратеше. И повторно таа ќе затрепереше толку силно како за прв пат да е во неговите прегратки, како за прв пат да го доживеала тоа. Не знаеше ниту таа зошто ама целата трепереше кога ќе го здогледаше, а таа насмевка која тој ја има и го правеше животот уште поубав.
И се што одбираше да запише, го запишуваше само поради него. Само поради тоа што никој за неа не заслужуваше како што тој заслужуваше. И покрај се тој беше до неа. И покрај се не ја оставаше сама, а тоа беше она кое таа најмногу ја привлекуваше. Тој човек беше оној кој знаеше да ја направи среќна, а денес кога пишува рацете уште толку и треперат, а биењето на срцето е нешто незаменливо.
А што е она поради која таа многу го сакаше? Што е она кое ја натера да се вљуби во него, што е она што го виде во него? Неговата насмевка, начинот на кој тој беше оној вистинскиот, кој знаеше да ја прегрне силно и да и рече дека ја сака, кој одбираше ноќите да го помине слушајќи ги нејзините проблеми, тоа што секогаш знаеше како треба да и го освои срце, тоа што и ја подаде својата рака која најмногу и беше потребна и тоа што никогаш не и ја пушти се само мал дел од тоа што го правеше посебен.
И никогаш не напиша лош збор за него. Не дека се плашеше, не дека не сакаше, не постоеше лош збор кој ќе го опише него во нејзините очи! И се за тој човек.. Само за него! Вистинска љубов подарена од неа, чиста како детска солза, првата воздишка, првото треперење! Се за него.. Целиот нејзин живот. Само за него. Само за тој човек!