Македонија

Заев: За претседателски кандидат се тестираат повеќе од 10 имиња

Повеќе од 10 имиња се истражуваат за можни претседателски кандидат на власта. Има Македонци, Албанци, Турци, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција, но не изнесе конкретни детали. За парламентарни избори одлука сѐ уште нема.

Тој посочи дека одат чекор по чекор кон пронаоѓање на вистинскиот кандидат за претседател кој ќе биде прифатив за евентуалната коалиција, но и пошироко бидејќи „консензуален“ не значи некој да е прифатлив за него и за Ахмети или за некој друг коалиционен партнер, туку некој зад кој ќе застанат граѓаните.

– Можам да ви ветам чесна и одговорна одлука – рече Заев.

Кога станува збор за тоа дали со претседателските ќе се одржат и парламентарни избори, премиерот рече дека дебата е отворена.

– В петок најверојатно ќе се одржи седница на Централниот одбор на СДСМ, кога може да биде донесена одлука, а постои можност таа да биде донесена и по неколку дена – изјави Заев.

Одговарајќи на новинарски прашања, тој уште еднаш го повтори неговиот став дека Македонија доста трпела предвремени избори и губела време.

– Македонија досега трпеше прекинување на мандати и во сите тие месеци на одржување избори, давање и недавање мандат, преговори за министерски места, губи државата. Од партиски аспект на СДСМ му одговараат избори, но државата ќе изгуби од три до шест месеци. Меѓутоа, зависи. Не е неосновано и размислувањето да се оди на избори. Сметам дека оваа влада донесе храбри одлуки поддржани од Парламентот. Нашите граѓани сега треба да ги соберат плодовите од тешките одлуки – порача Заев.

Додека се очекува наредните денови да има одлука за евентуални предвремени парламентарни избори, засега е сигурно само дека со претседателските ќе се одржат и избори за градоначалници во Охрид, Дебар и Ново Село, а постапките за номинирање на кандидати ќе почнат наскоро, најави премиерот.

Најсподелувани во последните 14 дена

Следете не на Фејсбук

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

To Top