Македонија

СЕСТРАТА НА ЈАНЕ ЧЕНТО СО ЕМОТИВНА ПОРАКА НА ФЕЈСБУК: Братче мое, го чекам денот кога силно ќе те гушнам

јане ченто

Јасмина Алекшовиќ внука на Методија Андонов Ченто и сестра на Јане Ченто на својот Фејсбук профил објави емотивна порака на својот Фејсбук профил. Имено Јане Ченто веќе подолго време е во притвор и е обвинет за наводен тероризам при настаните на 27 април и токму поради тоа неговата сестра емотивно пишуваше за политичкиот прогон кој власта го спроведува кон него.

Братче мое, го чекам денот кога силно ќе те гушнам, солзи ќе се стркалаат по моето лице, силно ќе те гушнам и ќе заплачам од среќа, а ти ќе ми речеш: “сестро не плачи, избриши солзи, крени глава, се што правам и ќе правам е за мајка Македонија”…
Голем човеку, јунак наш, гордост македонска со лавовско срце, човек со народна душа…ќе дојде денот кога ќе стапне твоја нога надвор посилна од било кога…

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ