Во продолжение во целост ви го пренесуваме соопштението на Македонски Национален Фронт кој на 30 септември ќе го бојкотира референдумот.
Ние секогаш ќе сме со својот народ. Нас не не интерсираат партиските интереси, туку интересите на народот. А тој интерес сега е #Бојкот.
Најголема и најсветла е љубовта кон татковината. За неа, за слободата на поробената татковина, за посправедлив и почовечен живот. Во овие наши тешки денови, кога нашата убава и непокорна татковина ја опкружуваат надворешни политички непријатели и внатрешно башибоздушки банди, готови да нè растегнат како крволочни ѕверови, ве повикуваме сите без разлика на народност, вера, пол, убедување и материјална положба да дадеме клетва дека ќе бидеме достојни на сите херои кои загинаа за оваа татковина, дека ќе ја браниме и одбраниме Република Македонија.
Дека нема да ги изневериме идеалите на Илинден и АСНОМ, дека ќе продолжиме да се бориме до последниот здив, до последната капка крв сè додека нашата мила татковина не ја огрее сонцето на правдата и слободата.
Македонија Вечна! #БОЈКОТИРАМ