Македонија

Костадин Керпичоски: СДСМ е фокусирана на лаги и малверзации!

СДСМ беше некогаш голема политичка партија со сериозен број на членови но сега дефинитивно е партија која е на работ на распад. Чудно е како тоа веќе 10 години СДСМ е во опозиција и не успеа да дојде на власт а уште по чудно е што за овие години тие немаат објавено ниту план ниту пак програма.

Тоа е политичка партија која секогаш бара избори за да на крај или изгуби катастрофално од политичкиот противник или пак да ги избегне изборите кои таа ги бара и ги иницира, е сега се поставува прашањето која е целта на барање на избори постојано а не излегување на истите?! Како и да е, актуелна тема е медиуми и закон за медиуми кој кај нас веќе постои и има европска маркица. Сега знаете само СДСМ има потреба од смена на тој закон или имплементација на целосно нов закон за медиуми, закон со кој демек наводно ќе престане политизацијата на медиумите и СДСМ ќе има предност?!

А еве јас да прашам (нели за другарче) од каде тоа избори да се добиваат со медиуми и дали синоќењната слика на лидерот на СДСМ со дел од медиумите декларирани како опозициски е доказ кој тоа го смислил новиот закон?! Што ќе се смени со новиот закон, или пак новиот закон ќе има одредба во која ќе бидат заштитени само одредени опозициони медиуми финансирани од СОРОС?! Како и да е, СДС не ја разбрала поентата дека уствари и секој човек па и јас сам по себе е медиум, не разбрале дека уствари нема закон и човек кој може мене и на нас луѓето да ни забрани да обелоденуваме вистина а и да постои такво нешто силата е повторно во нас народот и тоа на денот на изборите што е и наше граѓанско право!

Видете СДСМ е политичка партија која единствено се занимава со медиуми, со перење на пари и смислување на лаги и малверзации. Тоа е политичка партија која никогаш до сега а особено во последните 10 години нема подготвено политичка програма со која ќе настапи на изборите. Политичка партија која верувале или не нема ниту еден планирам проект, ниту пак во минатото имала ами копирана од програмата на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи споменик со бројчаник и тоа уште не дојдена на власт(ги измешале брзините малку)

Видете јас разбирам што се случува и ја знам и сфаќам фрустрацијата на комунистите, знаете боли кога правите се т.е онолку колку што можете и колку што е вашиот капацитет а на крај пак и пак губите на избори…. Јас многу добро знам како тие функционират и знам дека уствари нивниот лидер е само слика со тон а политиката и потезите ги води оној кој дава пари и финансира во случајов невладината организација СОРОС.

Е па драги мои, се додека со влас како политичка партија владее невладина организација како СОРОС вие ќе тапкате во место, се додека не излезете со нови и свежи кадри, со план и програма и точни датуми на реализација вие ќе бидете опозиција-верувајте! И се сетив, имаат план и програма а тоа е со закон да се забрани ВМРО-ДПМНЕ да учествува на изборите па преку тоа ја промовираат демократијата.

И знам, знам што им направивме, секој ден по некој медиум плука по владеачката партија а секој ден нивниот слика лидер е на некоја телевизија ама тоа ќе да е до “Режимов” Драги мои, засукајте ракави и сработете нешто за себе и за доброто на државата и на нас граѓаните, во спротивно вие ќе сте вечна опозиција а може и тоа нема! Избори не се добиваат со лаги, манипулации и малверзации!

** Ставовите искажани во статијата “Костадин Керпичоски: СДСМ е фокусирана на лаги и малверзации!” се лични ставови на авторите и редакцијата на Barkod.mk не сноси одговорност за изнесеното во нив. 

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ