Златко Трпевски учесник во конфликтот во 2001 година, како припадник на воената единица рисови раскажува за неговото искуство од 2001 година со командантот кој вчера нареди употреба на шок бомби и солзавец каде што многу стари луѓе и родители со деца настрадаа. Ви го пренесуваме целиот Фејсбук статус на Златко Трпески.
Браќа и сестри, се чувствувам должен да напишам неколку реда после вчерашната терористичка акција на полицијата врз сопствениот народ. Се чувствувам должен затоа што повеќе од 25 години сум на стадиони, во сали а богами и со огромно искуство на протести, сум видел се и сешто, но ваква полициска реакција никогаш до сега (затоа и ја нарекувам терористичка) ! Никогаш по секоја цена не сум ги правдал навивачките групи, затоа што знам дека некогаш знаат да претераат, и тогаш полицијата оправдано превземала контролирани мерки за присилба за да не дојде до поголеми проблеми, но воглавно полицијата знаела да раздвои што е агресивна маса, а што се граѓани кои се присутни а не се агресивни! Вчерашното делување беше тотално аматерско, на група од 15 до 20 момци што запалија бакли тие масакрира се што им дојде при рака, жени, деца, старци не бирајќи средства за присилба, аматеризам до сега невиден на овие простори! Едноставно мора да има разграничување на толпа што мирно протестира и агресивна толпа!
Се фрлало солзавци и друг пат, ретко, но се фрлало, но да се фрла солзавец со лансер за солзавци директно во маса е вон памет, со маса од релативно мал обем и блиско растојание се фрла секогаш рачно а не со лансер, бидејќи со него може да дојдат до директни механички повреди на граѓаните, што вчера и се случи за жал. Ќе кажам уште еднаш, тотално аматерска интервенција, но со јасна порака, да се заплаши народот, да не искача на протести за предавството кое се врши! Но бидете сигурни, не се плашиме, нема да не исплашите, јас не се плашев 2001 година не се плашам ни сега, нема да се плашам ни утре! Во ова мое пишување посебно сакам да издвојам еден од “командантите” што синојка ја водеа акцијата. Во веќе далечната 2001 година, јас и дотичниов случајно се најдовме на исти позиции, јас во извидничкиот батаљон (Рисови) како припадник на АРМ, тој како припадник на полицијата, тоа утро ненадејно бевме буквално поклопени од терористите со неконтолирано дејствување со минофрлачи, имавме тројца ранети, еден припадник на мојата единица, двајца припадници на МВР. Дотичниот сега “голем командант” во тој момент почна буквално да плаче и да пцуе по државата, дека тоа не било држава, дека тоа не било работа на полицијата,туку на армијата. По негова команда полицијата се качи во возила и ги напушти позициите оставајќи не нас 12 голобради мочиња без големо борбено искуство во тој момент сами да го одвраќаме нападот, што и се случи, возвративме пожестоко од нив и нападот беше одбиен! “Голем команданту” ти беше, си, и ќе останеш пичка засекогаш! Ти можеш да покажуваш сила на жени, старци и деца, но нас нема да не заплашиш никогаш! Ти ќе одиш каде и да е во пензија, а јас ќе останам на улиците во борбата за Македонија, и едно да знаеш, јас и ти уште долго време ќе се гледаме по улиците!
Златко Трпевски ГОРД МАКЕДОНЕЦ 18.06.2018 год.