Реакциите на Македонците од целиот свет упатени до светската интернет страница за рангирање на пасошите, го врати уставното име на пасошот на Република Македонија. Вчера МКД.мк прв објави дека на сајтот passportindex.org македонскиот пасош е рангиран како пасош на Северна Македонија.
Очигледно е дека реакциите на Македонците од целиот свет ја примораа редакцијата на овој глобален сајт да го врати уставното име на македонскиот пасош затоа што договорот со Грција за промена на името сѐ уште не е стапен во сила.
На оваа интернет страница се рангираат пасошите од целиот свет според тоа во колку држави со поединечен пасош може да се патува без виза.