„Јас како пратеник нема да гласам за уставни измени со цел промена на установото име. Веднаш по завршувањето на референдумот јас го кажав личниот став дека за мене овој процес е завршен, и дека волјата на граѓаните беше јасно искажана на референдумот”, изјави Данев пред почетокот на Извршниот комитет на партијата.
Тој повтори дека цензус нема и оти не се исполнети условите од Уставот за успешен референдум.
– Јас како пратеник нема да гласам за уставни измени со цел промена на уставното име на РМ, истакна Данев.
На прашање што доколку има тајно гласање, Данев рече дека ако има тајно гласање ќе излезе од таа седница.
На прашање дали е прифатлива опцијата за предвремени избори, тој рече дека за тоа ќе се разговара во телата на партијата.