Досегашниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Кавадарци, на вечерашниот Централен Комитет на партијата, бил разрешен од сите партиски функции.
Според информации од партиски извори, исто така има разрешување и за Костадин Богданов. Тој не е присутен на седницата на ЦК, во кратка изјава за Телма, вели дека се разрешени сите прозападни кадри кои дадоа поддршка за интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, преку договорот од Преспа.
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ му даде целосна поддршка за Христијан Мицкоски. На вечерашната седница на ЦК, едногласно е отфрлена потребата од вонреден конгрес, брифираат од партијата.
Исто така, на седницата која се уште е во тек, се очекува да бидат потврдени одлуките од состанок на Извршниот комитет на партијата од петокот.
Централниот комитет е највисокиот одлучувачки орган на партијата помеѓу два конгреса.
Седницата на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ започна во 19 часот. Се уште нема најава кога ќе заврши.
ИЗВОР: ВЕЧЕР