Македонија

Анѓушев: Референдумот ќе биде спроведен како што е зацртано

Референдумот за името ќе се одржи во законски утврдениот рок, соопшти денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев, одговарајќи на новинарски прашања.

Анѓушев не прецизира ништо конкретно, само рече дека тоа што е зацртано, ќе биде спроведено.

– Не би знаел да ви одговорам на ова прашање бидејќи е надвор од капацитетот на економијата и она што јас го водам.

Но, она што сигурно можам да ви го кажам е дека тој ќе биде во законскиот рок, онака како што е зацртано. Неможам да ви одговорам конкретно до каде се и какви се подготовките.

Она што можам само да ви го гарантирам што е и дух во рамките на Владата, е дека тоа што е зацртано ќе биде спроведено, потенцира Анѓушев на прес-конференцијата на која го најави аплицирањето за поврат на средства за инвестиции за компаниите.

ИЗВОР: ВЕЧЕР

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ