Македонија

Ахмети: Не треба референдум за името, тоа треба да се реши со договор меѓу двете влади

Решавањето на прашањето со името, законот за јазици и односите помеѓу парламентарните политички партии на Албанците во Македонија, беа главни теми на денешната предновогодишна средба на претседателот на ДУИ, Али Ахмети со новинарите.

Во однос на прашањето за името Ахмети рече дека тоа е проблем што бара решение, бидејќи е пречка за нашето зачленување во НАТО и ЕУ. Според Ахмети, не треба медијаторски пристап во решавањето на овој проблем, туку според него, посредникот Нимиц треба посилно да се ангажира со помош на ОН и сите пријателски држави, а од наша страна зависи како ќе се договори тој компромис и што понатаму.

– Не може да се дозволи ова прашање да се бирократизира или политизира или да се користи прашањето за референдум и можни бескрајни дебати во Парламентот за да се обесхрабри решавањето. Тоа треба да се реши со договор меѓу двете држави и двете влади како што беше во 90-тите години околу привремената референца.

Се разбира дека тука треба да учествува и опозицијата за да се надминат разликите и да се ставиме во услуга на иднината, бидејќи минатото на Балканот воопшто е болно и мора да се решава, рече Ахмети. Лидерот на ДУИ посочи дека сегашната опозиција е заинтересирана за решавање на спорот со името, а ставот дека се за НАТО и ЕУ го реафирмирале и за време на Конгресот.

– Опозицијата е заинтересирана за решавање на проблемот околу името, но колкави се разликите ќе видиме во текот на овој процес. Без опозиција не може да се реши ова прашање и во тој правец беа и пораките од нивниот неодамнешен конгрес дека се за членство на Македонија во НАТО и ЕУ, а сметам дека тие не се неискусна партија да знаат дека тоа не е можно без решавање на проблемот со името, како и тоа дека приоритет се добрососедските односи и со Софија и со Атина, рече Ахмети.

ПОВЕЌЕ НА РЕПУБЛИКА

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ