Балкан / Регион

Вучиќ: Србија прва ќе ја признае Северна Македонија

Александар Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во Нови Сад на отварањето на манифестацијата „Нови Сад-европска престолнина на младите“, им честиташе на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас на ратификацијата на Преспанскиот договор.

-Ние не се мешаме во внатрешните работи на други држави, кога договорите се постигнати и донесени. Србија им честита и на Скопје и на Атина. Србија ќе биде една од првите држави, кои својот јужен сосед ќе го признае под новото уставно име. Сакаме најдобри можни односи и со двете земји и уште еднаш им честитам на господинот Заев и Ципрас, истакна Вучиќ одговарајќи на новинарско прашање.

На прашањето за тоа колку овој договор ќе придонесе за добриот развој на односите меѓу Србија и Косово, рече дека „постојано за ова слуша приказни“, но нагласи дека „тука се работи само за името“.

– Нашите проблеми во односите со Приштина се стопати потешки.Тоа мора да го разберат луѓето, но и овие од Европа и Светот, кои кажуваат, „аха решивме еден проблем, сега ќе го решиме вториот проблем“. Да, ние сакаме да го решиме, само немојте да ги поистоветувате, бидејќи тоа се драматично различни проблеми и според тежината и според последиците и по се останато, рече Вучиќ.

Според него, политиката на Србија, а пред се заради младите, е политика на регионалната стабилност и поликата на отворени граници.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ