Дејан Манасков е централната македонска фигура на Европското првенство во Полска по извонредната негова партија и погодокот за реми (27-27) против Србија кој не носи во следната фаза од шампионатот.
Погодокот во последната секунда на Манасков е дефинитивно момент кој уште долго ќе го паметиме од овој европски ракометен собир. „Златната рака“ на Дејан како уште едно потсетување на инфарктните последни десет секунди од средбата со Србија…Еве како тоа го видоа колегите од РТС и сите српски вљубеници во ракометот…На крајот остана коментарот „Јао, јао…“, додека македонските ракометари се фрлија во заедничка прегратка.
Да напоменеме дека српскиот ракометар Џукиќ предвреме не отпиша но како што вели народот “Кој последен се смее, најслатко се смее”