Фудбал

Празник во Прилеп: Дерби со прволигашки шмек во Втората лига

По подолг период двата пелагониски ривали ќе се судрат сега во второлигашката конкуренција сезонава, во вистинско дерби во која и двата тима имаат иста цел – да се вратат во македонската фудбалска елита. Иако во ранг понизок од елитата, дуелот на старите ривали е секогаш во фокусот, колку и да се фудбалски неквалитетни.

Победа по „скандалот местенка“ седум години ја немаше на фудбалската мапа и во јуни годинава на голема врата најави враќање кон елитата со пласманот преку баражот во Втората лига. Пелистер, пак, со новата управа разочара лани и испадна од Првата лига, но секој љубител на фудбалот посакува во мај годинава, овие два бренда да ја пополнат македонската фудбалска елита.

Прилеп буквално денеска ќе биде под опсада од двете навивачки групи и во фудбалска еуфорија. Во градот под Марковите кули денеска е фудбалски празник. И двата табори веќе деноноќно ги мобилизираат своите приврзаници за дербито.

Кај и да сте, што и да правите, в недела да ви е јасно кај треба да бидете. Да ги одбраниме боите на клубот и гордоста на градот како што доликува“, ги повикуваат прилепските „Мајмуни“ сите свои членови.

Долго очекуваното пелагониско дерби со Победа, одиме масовно, сите заедно како во старите добри времиња – да го обоиме Прилеп во зелено-бело“, порачуваат Чкембарите.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ