Фудбал

ЕКСКЛУЗИВНО:Англискиот шампион Челзи ќе гостува во Скопје

Актуелниот англиски првак Челси, би можел летово, поточно на 23.јули, да гостува на арената „Филип Втори“ и да одигра пријателски натпревар со македонскиот прволигаш Работнички. Би бил тоа вистински спектакл за македонскиот фудал во целина, и еден вид генерална проба на нашиот најголем стадион, пред Суперкупот на Европа, што ќе се одржи во 2017 година.

Контактите се веќе воспоставени со посредство на менаџерска агенција, која на Работнички му го понуди Челси, како можен противник во рамките на нивната летна турнеја, иако условите се навистина „солени“ за македонски рамки. Напомена и дека конечниот збор ќе треба да го има новиот менаџер на Челси, кој ќе го води тимот идната сезона.

Добивме понуда од менаџерска агенција како ФК Работнички, да бидеме домаќини на Челси на пријателски натпревар, што би се одиграл во Скопје, на арената „Филип Втори“, на 23.јули 2016 година.

открива за ЕКИПА, генералниот секретар на ФК Работнички, Ненад Монев. За да дојде Челси во Скопје, освен дозвола од идниот менаџер, кој ќе го води тимот следната сезона, потребно е да се задоволат и значителни финансиски барања на англискиот премиерлигаш. Гостувањето на Челси би чинело 500.000 евра, плус платен чартер авион, и сместување во најдобриот хотел во градот. Но, се си има своја цена, па секако и Еден Азар, Тибо Куртоа, Оскар, Вилијан, Диего Коста…да допатуваат на пријателски натпревар во Скопје.

 

ИЗВОР: ЕКИПА

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ