Други спортови

Кабиб конечно откри зошто избрал да го нападне токму Дилон!

Кабиб

Кабиб Нурмагомедов направи вистински хаос на УФЦ 229 евентот во октомври 2018 година и тоа откако го победи Конор Мекгрегор со „задушување“.

Дагестанецот одлучи да не заврши само со Конор, туку скокна надвор од кафезот и го нападна Дилон Данис од тимот на Конор.

Се веруваше дека Данис го испровоцирал Кабиб, но тоа не е вистинската причина зошто Кабиб го нападнал токму него.

„Воопшто не слушнав што кажа. На него скокнав затоа што другите тренери беа престари за да скокнам на нив. Го избрав него затоа што беше на моја возраст. Доколку скокнев на Џон Квенагх тој не би можел да ми возврати затоа што е престар“,откри Кабиб.

Потоа порача дека во арената било премногу гласно за да слушне нешто.

„Не слушнав ништо од Данис. Беше премногу гласно. Но да бидам искрен, не го сакам комплетниот негов тим. Останатите тренери се престари за мене и не би можел вистински да се соочам“, откри Кабиб.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ