Шоу бизнис

1 година Баркод.мк: “Успех е што си тргнал, немајќи појма каде одиш, а си стигнал некаде .. “

Една година во бројка за сајт можеби ништо не значи, но според искуството и преживеаните проблеми вредност е многу поголема. Гледано од денешна перспектива, многу наивно влеговме во целата приказна. „Е што бе сајт, па секој може да отвори“. Рекоа наивните, демантираа упорните со многу искинати нерви и долги исцрпувачки непреспиени ноќи.

Да секој може да отвори, но не секој може да го работи како што треба, а уште помалку да истрае ако нема некои загарантирани средства од кои ќе се финансира. А, ние немавме. Почнавме со силна волја и желба да го работиме она што најдобро го знаеме. Да се оствари оваа мисија, не беше лесна задача. Влеговме во ринг со многу сајтови кои иако во старт беа нелојална конкуренција, беа сериозна закана за нашето парче леб за кое се боревме.

Ние сакавме да бидеме се она што тие не се. Да привлекуваме читатели со квалитетни и издржани текстови, базирани на факти, проверка на податоци, изјави од релевантни соговорници, анализи. Наспроти нас ги имавме нив со манипулаторски наслови, нелогична содржина, текстови за Сораја, со кои собираат кликови. Ова нема никаква врска со релевантноста за читаност на еден сајт, неговата тежина, издржаност. Ама треба да истраеш и да им докажеш на компаниите и агенциите (со еден збор огласувачите) дека тоа е така. И во меѓувреме, да си пишуваш текстови и да си градиш публика, без пари!

За тимот:

Маја за неа нема зима. Штом најде нешто интересно веднаш предлог има како истото да го има. Ако и се работи и има инспирација, произлегуваат фантастични текстови.Принципиелна, секогаш со лавина од идеи го храни порталот. Неуморен трагач по добра информација.

Сара заљубена до уши тоа е нашата Сара. Од статија до статија за љубовта пишуваше. Одморот во Чикаго го искористи за пишување на рецензии за хорор филмови како и трагичните вести.

Кристијан е дежурен 24/7, кој не го остава сајтот да дише. За оваа година колку што постоиме, нема ден а да не објавил нешто. Нема ден, а да не провери колку места сме “качиле” или “паднале” на Alexa. Постојано му идат лавина од идеи од тоа како најбрзо да се стекне посетеност, како да потикне некоја компанија да се рекламира кај нас.

Ристе тој ја има најлесната работа. Сајтот да гори, ќе оди по кофа вода, наместо да викне пожарна Воопшто не му е грижа, дали сме паднале на Alexa или сме качиле некое место. Тоа е нашиот фоторепортер.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ