Кој вели дека секогаш треба да се користат сите четири тркала… Рели натпреварите со себе носат многу возбудувања и непредвидливи ситуации па токму затоа привлекуваат и посебно внимание, без разлика дали етапите минуваат низ населени или ненаселени предели.
Овој рели возач слободно може да се нарече мастер или влез во кривина 99 левел. Овој пат, во видеата кои можете да ги погледнете подолу главен актер е возачот Оскар Баросо. Додека возеше низ месноста Сан Педро де Рокас, возачот ги воодушеви присутните со спектакуларен влез во свиок. Погледнете за каков неверојатен потег станува збор…