Во седиштето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во моментот е во тек Централниот комитет на партијата, на кој се дискутира по најмалку три точки.
Како што дознаваме, првата точка на дневниот ред била во врска со организирање на вонреден Конгрес на партијата, како највисоко партиско тело, на кое би требало да се понуди нова програма и евентуален лидер.
Истата била едногласно одбиена од сите членови на ЦК.
Работата продолжува по другите точки, меѓу кои и точката за кадровски смени и назначувања.
ИЗВОР: iNFOMAX.mk