Хабиб Нурмагомедов останува УФЦ шампион во лесна категорија но ќе биде суспендиран. Најверојатно истата судбина го чека и неговиот противник Конор Мекгрегор.
Дагестанецот по мечот и победата со технички нокаут над Мекгрегор скокна од кафезот и ги нападна членовите на ирскиот тим што е причина за казната за борецот кој настапува под руско знаме.
Спортската комисија во државата Невада му замрзна два милиони долари од хонорарот а претседателот на УФЦ, Дејна Вајт изјави дека Русинот го очекуваат санкции поради инцидентот.
„ Во моментот е задржан комплетниот хонорар на Нурмагомедов и се зборува дека е задржан трајно. Мислам дека тоа не би требало да се случи бидејќи можат да му земат само 250 илјади долари. Хабиб секако ќе ја задржи титулата иако ќе биде суспендиран во времетраење од 4 до 6 месеци“- изјави Вајт за ТМЗ Спортс.
Мекрегор кој се предаде во четвртата рунда исто така ќе заработи суспензија најверојатно од месец дена.