Македонија

И во Пеќ запалено македонското знаме: Се скандираше и „Али предавникот“ (Видео)

Откако вчера беа изречените казните за обвинетите во случајот Диво насеље, во знак на протест на пресудите, во Пеќ на Косово било запалено македонското знаме.

Пред овој случај, македоснкото знаме беше исто така запалено и во градот Гњилане, каде навивачите на локалниот фудбалски клуб на овој начин го искажале својот револт.За потсетување, вчера беа изречени седум доживотни казни затвор, 13 по 40 години, шест по 20 години, една од 18 години, две од 14, две од 13, две по 12 години затвор и четири ослободителни пресуди, за обвинетите за настаните во кумановската Дива населба во мај 2015 година во кои загинаа осуммина припадници на македонските безбедносни сили.Вчерашното рочиште во Судот помина во тензична атмосфера. Пред да бидат прочитани пресудите, обвинетите станаа од своите места и почнаа да ја пеат албанска химна, да викаат УЧК, УЧК, да упатуваат закани дека крвтта на убиените нема да остане неказнета, дека во Македонија ќе нема мир,… Повеќе на следниот линк http://republika.mk/842165

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ