Девојчето од соседна Србија кое одлчи да му пише писмо на Дедо Мраз во своето писмо немала желба за поклони или нешто што може да се купи.Малата Милица се сеќава на својата мајка како низ магла но незе не ја напушта желбата повторно да ја види својата мајка.
Ви пренесуваме детали од нејзиното писмо:
“Дедо Мраз јас тебе стварно те сакам, иако не сум те видела, но мајка ми ја видов кога бев многу мала и не се сеќавам баш добро но ја сакам повеќе од тебе,ја сакам најмногу на свет.Јас се викам Милица и одам во прво одделение, живеам во Белград со луѓе што ме сакаат и имам многу другарчиња.Морам нешто да ти кажам зошто мислам дека само ти можеш да ми помогнеш. Долго време сум нерасположена и тажна поради мајка ми.Јас не се сеќавам на неа многу, но кога одам кај другар ми Немања, неговата мајка ни прави сендвичи, сок и колачи додека гледаме цртани.Мене неговата мајка баш ми е добра, но сакам да имам една мајка само за себе, баш како и Немања.Мислам дека сите треба да имаат барем една мајка.Нема да ти одземам многу време зошто знам дека си зафатена, ама ќе те замолам оваа Нова година да не ми носиш кукли или чоколади, тоа можам и самата да си го купам.Сакам да ми донесеш мајка како подарок.Таа никаде не се продава.Сакам мајка онаа моја убава,насмеана и расположена за мене.Ако можеш да ми го подариш тоа, не мора повеќе ништо никогаш да ми носиш.Не барам многу, па ако можеш да ми ја исполниш оваа желба би ти била благодарна.”
Ти благодарам однапред Милица од Белград