Забава

ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Ова чудо е побрзо од куршум

Замислете автомобил со 135.000 коњски сили, што троши 1.500 литри гориво за да развие брзина од 1.609 километри на час – и тоа само за 55 секунди.

Доколку мислите да е тоа неможно, се лажете. Тоа се перформансите на BLOODHOUND SSC, најбрзиот автомобил на светот што беше претставен на Саемот на авто-делови во Љубљана, во организација на GMT групацијата. Ова суперсонично возило е направено во Велика Британија. Дизајнирано е од стручњаци од Формула 1, а го конструирале инжењери кои изработуваат вселенски летала.

BLOODHOUND SSC во 2016 година ќе биде тестиран во пустината на Јужноафриканската Република и Намибија, на патеката Хаскин Пан, долга 19 километри, во близина на истоименото исушено езеро. Со автомобилот, што е долг 13,5 метри и има главен и помошен мотор за постигнување на брзината од 1.000 милји на час (1.609 километри на час), ќе управува пилотот на RAF, Енди Грин.

Грин ќе се обиде да го урне сопствениот брзински рекорд од 1.287 километри на час од 1997 година, што, исто така, беше забележен возејќи автомобил на конструкторите на BLOODHOUND SSC. Како споредба, кога Усеин Болт го постави светскиот рекорд на 100 метри (9,58) достигна брзина од 45 километри на час, Феликс Баумгартнер со скокот од работ на вселената го проби звучниот ѕид и падна со брзина од 1.341 километри на час.

Доколку Грин ја достигне брзината од 1.609 километри на час, официјално ќе стане побрз од куршумот истрелан од Магнум 357.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ