Дваесет и деветгодишниот тетовец М.Н. рано изутрината е приведен откако нападнал полициски службеник пред угостителски објект во Тетово.
МВР информира дека М.Н. околу 02.45 часот во Тетово на крстосницата од улицата „Иво Рибар Лола“ со улицата „Страшо Пинџур“, поточно пред угостителски објект заедно со друго лице го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка.
При преземањето мерки од страна на полицијата со цел спречување на нарушувањето, М.Н. нападнал еден полицискиот службеник.
Против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, а известен е и јавен обвинител.