Македонија

Известувањето на Јане Ченто до Судот зошто нема да бара амнестија

Јане Ченто

Известувањето на Јане Ченто до Судот зошто нема да бара амнестија.

Врска КОК бр. 40/18
До: Основен Суд Скопје 1
Од: Јане Ченто

Известување
Почитувани, сакам да Ве известам писмено дека јас, Јане Ченто нема да поднесам барање за амнестија која е во врска со Собраниските настани. За ова усно на рочиште го известив и Судскиот совет.
Сакам да го образложам моето известување до Вас од причина што се работи за човечки судбини но пред се како правник и легалист морам да објаснам зошто нема да поднесам барање за амнестија.

1. Сите сакаме да ја дознаеме вистината за 27 април 2017 година, а со ова предвреме донесено политичко решение тоа ќе биде невозможно.

2. Како правник и легалист сметам дека Судот е надлежен да каже кој е виновен, ако е виновен, за што е виновен, а не политичките елити.

3. Свесен сум дека секој што се огрешил пред словото на Законот мора и треба да се сноси одговорност за тоа што кој го сторил, без разлика дали бил понесен од емоции, како што бев и јас.

4. Донесувањето на овој Закон го гледам како политичка одлука а не и правна. Со носењето на овој закон дирекно се подрива владеењето на правото, кое е клучен критериум за Република Македонија да стане ЕУ членка.

5. Законот е преседан во правото, кога политиката ќе заигра во дворот на правото тогаш повеќе не можеме да зборуваме за владеење на правото.

6. Јас се надевам дека ќе дојде време кога ќе му се даде вредност на правото и на правната држава.

7. Целта на законот е ослободување на македонското политичко општество од стегите на минатото.

8. Со овој закон се врши повреда на најважните начела на Уставот, а тоа е еднаквост на граѓаните.

9. Дали е нормално Судот да прогласи некого за виновен пред да заврши судската постапка, одговорот е НЕ.

10. Според мене а и според ЗКП, ниеден факт не е докажан додека не се докаже во постапка, а за тоа треба целосно да заврши процесот.

Овие се 10 точки поради кои нема да поднесам барање за амнестија, бидеќи верувам во Судот дека ќе донесе праведна пресуда кој за што е виновен, или не е виновен.

Ова известување го пишувам за да оставам трага дека сум за правда и дека мора да победи правото над политиката.

Iura vigilantibus scripta sunt.
Правото е напишано за будните, кој не води грижа за своите права може да ги изгуби.

Со почит,
Јане Ченто

25.12.2018

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ