Како што и самиот за себе вели, Славчо Попоски е млад и амбициозен стружанец на кого голема пасија му е метеорологијата. Славчо моментално студира и работи на тоа во блиска иднина да стане дипломиран метеоролог.
Баркод.мк: Како за почеток открите нешто за повеќе за Вас. Кој е Славчо Попоски ?
Јас сум Славчо Попоски, живеам во Струга и роден сум токму во овој за многу прекрасен град, имам 26 години а со метеорологијата се бавам од многу мали нозе. Временските прогнози и анализи ги правам и спремам веќе 10тина години.
Баркод.мк: Бележите голем успех. Од кога е и на што се должи ?
Мојот најголем успех го постигнав за време на ланските поплави во Скопскиот регион и од тогаш многу често гостувам по емисии на малите екрани како и во радија. Секако одам и на отворени емисии. Искрено мие премногу чест што цела Македонија ме знае и верува во моите прогнози и анализи.
Баркод.мк: Кои се твоите планови за во иднина ?
Кога станува збор за понатаму и моите планови вака ќе одговорам: Понатаму секако ќе работам и работам на тоа во иднина да бидам и дипломиран метеоролог.
Баркод.мк: Ваша прогноза. Што ја очекува Македонија во периодот што следи ?
Кога веќе станува збор за временската прогноза за понатаму и следниот период може да очекуваме барем според моменталните анализи претежно суво и стабилно време но значително посвежо а наутро и студено. Нареднава недела во текот на ноќите и утрата на многу места температурите на воздухот ќе паднат под нулата.
Баркод.мк: Подолготрајна прогноза. Какво време не очекува во Ноември ?
Анализите за подолгорочно и тоа за ноември месец укажуваат на тоа дека ќе биде просечен во поглед на температурите на воздухот но со нешто помалку врнежи од просечните за тој месец. Зимските месеци би биле повторно со малку помалку врнежи од просечните за зимскиот период додека температурите на воздухот би биле во рамките на просекот или за степен до два би биле повисоки за тој период од годината. Мора да напоменеме дека со оглед на тоа дека се работи за долгорочна анализа на времето и тоа како се можни измени во прогнозите па затоа ова граѓаните не треба да го сваќаат здраво за готово и дека овие прогнози на нас ни служат само за ориентација и резерва.
Баркод.мк: Каде најмногу а каде најмалку снег би заврнало ?
Исто така кога веќе прашувате каде би заврнало најмногу а каде најмалку снег тоа е невозможно да го прогнозираме па затоа најдобро да оставиме и да видиме како ќе се одвиваат работите понатаму. Инаку кога станува збор за прогнозирањето најреални се прогнозите некаде 3 до 4 денови однапред а од понатаму се е понесигурно и понесигурно.