Ракомет

Судиите кои го потонаа Вардар ќе го судат мечот Македонија – Франција

Данските арбитри Мартин Гјединг и Мадс Хансен ќе бидат задолжени за делење на ракометната правда на петочниот премиерен натпревар од ЕП 2016 во Краков, во кој Македонија ќе ги одмери силите со селекцијата на Франција.

Гјединг и Хансен важат за арбитри што не потклекнуваат под притисок, а на македонската јавност и се познати по критиките што беа упатувани кон нив поради арбитражата на мечот во Скопје меѓу Вардар и Барселона. Данците во секој случај важат за една од најдобрите судиски двојки во Европа, па неслучајно беа делегирани од страна на Драган Начевски за арбитри на дуелот на нашиот национален тим против европскиот шампион.

На вториот натпревар од првото коло во групата А во Краков, дуелот меѓу Полска и Србија, судии ќе бидат Штарк и Штефан од Романија.

Најсподелувани во последните 14 дена

Следете не на Фејсбук

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

To Top