Светската куќа на фудбалот (ФИФА) го казни претседателот на ФСС, Славиша Кокез и селекторот на “орлите” Младен Крстаиќ со по 5,000 швајцарски франци и ги опоменила дека во случај на слични прекршоци ќе сносат многу потешки последици.
Исто така, Фудбалскиот сојуз на Србија е казнет со 54,000 швајцарски франци заради паролите за дискриминација на навивачите и фрлање на тврди предмети на теренот на мечот против Швајцарија (1:2), кој се одигра во петокот во Калининград.
Да се потсетиме, Кокез и Крстиќ се најдоа на тапет на ФИФА поради истапот во јавноста кога ја коментираа судиската одлука на Феликс Брих, каде истакнале дека “германскиот арбитер ја оштетил нашата селекција во текот на мечот”, додека Крстиќ споманл дека “би го пратил во Хаг”.
Меѓународната фудбалска федерација парично ги казни и Џака и Шаќири поради скандалозното прославување на головите.